| четврток, 6 декември 2018 |

Мариано Дијаз ја наследи седмицата на Роналдо во Реал М.

Новиот напаѓач на Реал Мадрид, Маријано Дијаз, ќе игра со број 7 во следната сезона, тврди Кадена Копе. 25-годишниот стрелец се врати на „Сантијаго Бернабеу“, а Флорентино Перез одлучи „седмицата“ на Кристијано Роналдо да оди на неговиот грб.

Поранешниот напаѓач на Лион ги помина медицински прегледи во Мадрид и се очекува деновите кои следат да биде претставен пред новинарите.

Шпанецот со корени од Доминиканската република минатата сезона постигна 21 гол за Лион, а Реал за неговиот потпис ја искористи клаузулата според која „кралевите“ имаа право да го вратат Дијаз во своите редозви за 22 мил. евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top