Премиерата на првиот македонски филм во жанрот еротска комедија, „Мејкинг Оф“ ќе се одржи на 6 септември во 20.30 часот во кино салата Синеплекс. Во филмот, меѓу актерската екипа е и Ванчо Петрушевски, кој почина минатата недела.
Филмот е проект на продуцентската куќа Аурипигмент од Скопје, а е работен според сценарио и режија на м-р Кузман Кузмановски. „Мејкинг оф“ ќе го продолжи својот прикажувачки живот по септември на редовниот репертоар во Синеплекс и низ кино салите низ Македонија.
Кинематографер на филмот е Марко Петрушевски, а актерската екипа ја сочинуваат Александар Микиќ, Александра Павлова, Владо Дојчиновски, Ванчо Петрушевски, Хана Менсон, Дубравка Киселички, Катина Иванова, Љупчо Бојковски, Лазе Манасков ,Пирунка Киселички, Мартин Минговски.
Станува збор за интригантна приказна за една девојка со тешка судбина и тројца млади луѓе кои се решаваат заедно да тргнат на патешествие – да снимат филм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст