| четврток, 6 декември 2018 |

Рано утрово воз удрил двајца мигранти кај Смоквица, итно пренесени на скопските клиники

Утринава околу 05 часот, во близина на влезот во железничката станица Смоквица, патнички воз кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје, наишол на група мигранти, при што удрил во две лица.

Според кажување на лицата, повредените се на возраст од 26 и 27 години од Алжир. Со возило на Итна медицинска помош повредените биле пренесени во Општа Болница Гевгелија, каде им биле констатирани тешки телесни повреди и се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ на понатамошно лекување. Извршен увид на местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top