| четврток, 6 декември 2018 |

„Ќерка ми не слави роденден, ние сме Јеховини сведоци и не го правиме тоа”

Ќерката на тенисерката Серена Вилијамс, Олимпија, неделава треба да наполни една година, но тениската легенда нема да го прослави нејзиниот роденден, бидејќи религијата ѝ забранува. На конференцијата за новинарите, Вилијамс јасно ги истакнала своите причини зошто нејзината ќерка нема да го слави својот роденден.

– Олимпија не слави родендени. Ние сме Јеховини сведоци, не славиме родендени –  изјавила кратко Серена.

Инаку, тенисерката минатата година во интервју за магазинот „Вог”, обелоденила дека припаѓа на таа верска заедница.

Таа станала Јеховин сведок во 80-тите години на минатиот век, во периодот кога нејзината мајка преминала во оваа верска заедница.

Што се однесува до нејзиниот сопруг, ко-основачот Редит Алекс Оханијан, се верува дека тој ги практикува обичаите заедно со неа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top