| четврток, 6 декември 2018 |

Дијалог со себе како роденденска честика: Пишува дека ти е роденден…

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ со дијалог во својата глава му го честита 49-тиот  роденен на пријателот кого повеќе го нема.

Трифуновиќ, кој ќе го прослави 46-тиот роденден за три дена, не се откажува од споменот на својот пријател, колега од класата, и наместо да прифати дека годинава и сите години напред ќе остане посиромашен за една драга честитка, реши да ги честита двата родендена, и на Глоговац, кој денес ќе наполнеше 49 години, и својот, со муабет кој навистина ќе беше да не се случеше 9 февруари.

Трифуновиќ е верен навивач на Црвена звезда, која синоќа со два гола во една минута се пласира во Лигата на шампионите, а Глоговац беше верен навивач на лутиот градски ривал Партизан.

-Во весниците пишува дека ти е роденден.

-Лажат.

-Сеедно, среќен ти роденден!

-А да ми честитат Лига на шампиони?

-Е сега, ебате… и роденден и Лига на шампиони… добро, среќен ти роденден и Лига на шампиони.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top