| четврток, 6 декември 2018 |

Заев за Водно: Секоја цевка заштедува илјадници дрвја

Премиерот Зоран Заев го осуди вчерашниот инцидент на Водно кога градежни работници им се заканиле на активистите дека ќе бидат прегазени додека протестираа формрајќи жив ѕид во заштита на парк шумата.

-Сакам да изразам жалење за ваквиот начин на однесување на багеристите, на претставници на изведувачите. Апсолутно ваков настан е за осуда, преку закани дека некој ќе нападне човечки живот. Ветивме дијалог за ова, се одржаа десетици состаноци, се работи за нашето Водно, за белите дробови на Скопје, но истовремено за проект од ограмна еколошка и економска вредност. Секоја цевка заштедува илјадници дрва. Се надевам сите заедно будно ќе продолжиме да го следиме проектот гасификација, затоа што било која друга алтернатива може да направи поголеми штети. Доколку гасоводот поминува реку Скопска Црна Гора,  проектот ќе направи дупло поголема штета во исечените дрвја – рече Заев.

Тој додаде дека проектот ќе продолжи но во комуникација и консултација со невладиниот сектор.

-Немаме намера ништо да исназилиме. Изградбата ќе застане таму каде што имаат замерка, таму каде што нема ќе продолжи. Не случајно граѓаните реагираат, има причина за тоа, а институциите се должни да слушаат внимателно и да изнајдат решение – додаде тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top