Поради неусогласеност на термините за судење, Апелациониот суд во Скопје ја одложи за утре јавната седница по жалбата на Никола Груевски во случајот „Тенк“, за набавка на блиндираниот мерцедес, откако не се појавија на седницата Груевски и неговите четворица адвокати.
Пред почетокот на судењето, адвокатите на Груевски, Боро Тасевски, Сања Алексиќ и Димитар Дангов го известиле Апелациониот суд дека во исто време е и судењето за „Шамарите во Центар“ каде што е обвинет и Груевски и ќе бидат на тоа судење, а половина час подоцна имаат и друго судење за „тенк“ каде што е обвинета Гордана Јанкуловска. Тие вчера бараа одлагање на ова судење, за да бидат во Апелација но Добрила Кацарска која ја донесе пресудата за „Тенк“ не им дозволи одлагање.
извор: сведок. орг.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.