| четврток, 6 декември 2018 |

Се запали „јагуар“ во близина на „Блаце“, нема повредени

Возило „јагуар“ со француски таблички се запалило во движење пред граничниот премин „Блаце“. Пожарот е изгаснат и нема повредени лица.

Пожарот избувнал во 20:02 часот најпрво во надворешниот дел во пределот на клима уредот по што се проширил во внатрешноста. Возилото го управувал Б.М. (37) од Франција.

Територијалната противпожарна единица на Град Скопје интервенирала со четворица пожарникари во гаснењето на пожарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top