Најголемата музичка ѕвезда на овие простори, легендарниот Здравко Чолиќ оваа есен ќе одржи голем концерт во Скопје.
Организаторот, „Прагма Продукција“, најавува дека 10. ноември е датумот резервиран за незаборавна дружба со миленикот на сите генерации. Локација е „Вип Арената“ Борис Трајковски.
По четири години од последниот концерт во Скопје, верната публика која со нетрпение го очекува својот миленик, во ноември ќе може да ужива во неповторливата ноќ исполнета со безвременските песни и дружење со исклучително харизматичниот Чола.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба на 1. септември и истите може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com, “Пола Југотон” и“Цвеќара Розе” – Веро 2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.