| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува судењето за „Насилство во општина Центар“

Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за предметот „Насилство во Општина Центар“, на кое треба да продолжи испитувањето на сведоците предложени од Специјалното јавно обвинителство.

Обвинети во овој случај се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица.

Тие се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

Во досегашното судење за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни. За седмообвинетиот Димче Крстев, пак, се води одвоена постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top