Околу 30 политички субјекти вечерва се обединија во повикот до граѓаните за позитивен исход на референдумот и за евро-атлантска иднина на Македонија, преку прифаќање на неколку заеднички принципи. Политичките партии се согласија да ги повикаат граѓаните да излезат и да гласаат „за“ на престојниот референдум, што ќе се одржи на 30 септември, соопштија од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Едногласни се, како што се посочува, дека Република Македонија своите стратешки цели може да ги оствари единствено преку членство во НАТО и во Европската Унија и дека граѓаните и државата ќе добијат значајни придобивки од евроатлантските интеграции на земјата.
Политичките партии кои вечерва се обединија околу основните принципи согласни се дека македонско-грчкиот договор ги отвора вратите на Македонија за членство во НАТО и во Европската Унија. Партиите сметаат дека секој граѓанин на Република Македонија со право на глас треба да преземе одговорност, да излезе и да гласа афирмативно на претстојниот референдум. Како што беше договорено на средбата партиите го задржуваат правото да водат сопствени јавни комуникации поврзани со референдумот кои може да се индивидуални и независни или во рамки на други коалиции и кампањи, стои во соопштението.
Во обраќањето до присутните на вечерашната средба, претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, рече дека со решавањето на билатералното прашање со Грција, повеќе нема ниту едно отворено прашање со соседите, како и дека тоа ја отвора иднината за граѓаните на нашата држава и членството во ЕУ и во НАТО.
– Успехот на референдумот значи изградба на европска Македонија. Јас сум убеден дека мнозинството граѓани што ги претставуваме и кои ни ја доверија одговорноста да ја водиме државата, ќе ја исполнат својата граѓанска должност, ќе излезат на референдумот и ќе гласаат за европска Македонија, рече претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев.
Од СДСМ наведуваат дека партиите остануваат отворени во ова надпартиско движење да се вклучат и други политички партии, граѓани, граѓански здруженија или други организации кои се согласни да ги повикаат граѓаните да излезат и да гласаат на престојниот референдум, поддржувајќи го членството на Македонија во НАТО и ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст