| четврток, 6 декември 2018 |

Почина еден од најдобрите ракометни тренери, Левон Акопјан

Тренерот кој во 2008 година на Европското првенство во женска конкуренција кое се одржа во Македонија имаше улога на советник во стручниот штаб, Левон Акопјан почина на 73 годишна возраст во Волгоград.

Стратегот кој беше голем пријател со раководството на Кометал Ѓорче Петров и секогаш доаѓаше во Македонија со задоволство. Тој беше тренер кој зад себе остави големи успеси и на клупски и на репрезентативен план.

Роден е на 7 ноември во 1944 година во Техеран. Најдолг временски период од тренерската мина во Волгоград како дел од тимот Аква, а потоа и Динамо. Со овој состав во деведесеттите години на минатиот век доминираше во Русија.

Последната тренерска работа ја имаше во Лада Тољати, а како селектор на младинската репрезентација имаше златни медали на Светските првенства во 1993 и 2003 година. Тој победи со селекцијата на Русија на првиот шампионат кој беше организиран во Македонија.

Извор: 24ракомет.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top