| четврток, 6 декември 2018 |

Британец удрил велосипедист во Кисела Вода, итно пренесен на скопските клиники

Синоќа околу 20 часот во Скопје на улица „Христо Татарчев“, општина Кисела Вода, се случила сообраќајна незгода во која Џ.П. (51) од Велика Британија, со место на живеење во Р. Бугарија, управувајќи патничко моторно возило „Мицибуши“ со бугарска национална ознака, удрил во велосипедист М.П. (39) од Скопје.

По незгодата велосипедистот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” каде му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top