| четврток, 6 декември 2018 |

Сопругата на Оливер Драгојевиќ си ја отвори душата: Последните три-четири дена тој не зборуваше, само спиеше

Сопругата на легендарниот Оливер Драгојевиќ, Весна, во трогателна исповед проговори за неговите последни денови. Смртта на Оливер ги натажи сите негови фанови од регионот, но најмногу семејството, кое заедно со него цела година се бореа со туморот на белите дробови.

Неговата сопруга Весна, по еден месец од трагедијата раскажува за најтешките моменти пред смртта.

– Никој никогаш, нешто не рекол, па потоа да почине. Човек се гаси. Ете така е. Не постои простување. Последните три-четири дена тој не зборуваше, само спиеше. Беше оптимист до крај. По цели денови бевме со него во болница. Му правев ручек и му давав да јаде. Тоа е се што можев да направам. Му пуштавме песни кои сакаше да ги слуша. Се однесувавме како ништо да нема да се случи. Беше понекогаш малку подобро, па малку полошо. Не му зборувавме – сега е готово. За што да се зборува? Ние сме сложно семејство, нема кавги меѓу нас. Не остави без никакви долгови и скандали, се ни е во ред. Беше мирен. Знае дека ние сме добро, раскажала Весна Драгојевиќ за хрватскиот „24 часа“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top