| четврток, 6 декември 2018 |

Досега нѐ делеле од надвор, сега првпат македонски политичар нѐ дели од внатре

Досега нѐ делеле, сме учеле во нашите историски учебници дека пропагандите на Србија, на Бугарија, на Грција ја делеле Македонија, го дробеле македонското ткиво. Првпат се јавува македонски политичар кој сам нѐ дроби, кој нѐ дели по основа какви Македонци сме, вели новинарот и политички аналитичар Васко Ефтов, во денешната емисија „Отворено“ на Тв Алфа.

Според Ефтов оваа политичка елита која е на власт, нѐ дели по она што е суштинско на секој народ.

– Ние се гордееме со едно име кое е историско име, кое е во Библијата запишана, на тоа име, ако немаме 100% ексклузивитет, имаме исто таков ексклузивитет како сите останати народи на Балканскиот Полуостров. Зошто ние би се откажувале од тој ексклузивитет, а тие би го имале тој ексклузивитет, прашува Ефтов, алудирајќи на членот од договорот за промена на името со кој ние како држава се откажуваме од античкиот период на нашата историја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top