| четврток, 6 декември 2018 |

Погба по поразот од Тотенхем: Го имавме мечот во наши раце, мора да се вратиме назад

Манчестер Јунајтед синоќа беше тешко поразен со 0-3 од Тотенхем на мечот кој се одигра на „Олд Трафорд“, а тимот денеска, како и менаџерот Мурињо се под огромни критики од навивачите. Играчите на Мурињо ги контролираа случувањата на теренот и пропуштија неколку изгледни шанси во првото полувреме, а казна за сето тоа пристигна на самиот старт на второто полувреме кога Тотенхем во период од две минути го реши прашањето околу победникот.

Головите на Кејн и Лукас во периодото од 50-та до 52-та минута го ставија тимот на португалскиот стручњак во хок од кој немаа сили да се вратат, па до крајот на натпреварот примија уште еден гол.

Французинот Пол Погба беше првиот кој собра храброст за давање изјави и по мечот со Брајтон, а така беше и сега по големиот неуспех во првото дерби во сезоната.

– Дури и ние самите не можеме да го сфатиме ова. Го стартувавме мечот многу добро, имавме шанси и потоа примивме два гола во вториот дел. Тоа беше многу тешко за прифаќање. Првиот гол не можам да го разберам, го имавме мечот во нашите раце. Еден гол, па после уште еден, продолживме да притискаме, а тие постигнаа и трет. Навистина ми е жал за фановите, многу сум разочаран поради нив. Сакавме многу подоброр од ова и не можам да се помирам со овој пораз поради нив. Ваков пораз не заслуживме, но фудбалот е суров. Нема откажување, мора да се вратиме назад, потенцира Погба во интервјуто за „РМЦ“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top