Вчера во Секторот за внатрешни работи Скопје, околу 20 часот било пријавено дека на улицата „Петар Манџуков“ во населба Бутел се слушнале истрели од оружје. Од страна на полициски службеници излезено е на лице место, извршен бил увид во дворно место од куќа, сопственост на С.Т. (56), каде имало семејна веселба, по што на местото на настанот затекнати биле и лицата Љ.Т. (28), А.Т. (21), Е.Т. (22), Д.И. (23).
Повредени лица нема. Подигнати биле 16 чаури кои се предадени за понатамошно вештачење. Од лицата затекнати во куќата подигнати се барутни тестови и облека. Се преземаат дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст