
Инцидент избил се случил во познат ноќен клуб во ноќеска во Ресен каде полицијата морала да интервенира.
– На 28.08.2018 година во 03.15 часот по претходна пријава за нарушен јавен ред и мир во ноќен клуб во Ресен, полициски службеници од Полициската станица Ресен се упатиле на местото на настанот, каде што го нашле пријавителот Ф.И. и неговата сестра С.И. Во еден момент, пришло лицето Ц.К. кој најпрвин почнал да ги омаловажува и да им се заканува на полициските службеници, а потоа и на пријавителот кого потоа физички се обидел да го нападне, но во намерата бил спречен од полициските службеници кои пристапиле кон негово приведување.
– Ц.К. пружал отпор, а напоредно со ова на местото на настанот се собрала група граѓани од кои четири лица директно се обиделе да го спречат приведувањето. Тогаш еден од полициските службеници испукал предупредувачки истрел во воздух, по што групата се повлекла. Ц.К. е приведен во ПС од ОН Ресен., стои во билтенот на МВР.
За настанот е известен дежурен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно документирање и расчистување на истиот.
(фото – илустрација)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


