| четврток, 6 декември 2018 |

Делегација на Конгресот на САД на средба со премиерот Заев

Премиерот Заев денеска во Владата прими во посета делегација на конгресмени на Соединетите американски држави, предводени од нивниот колега Бил Флорес, соопшти владината прес-служба.

На средбата на која присуствувале и Заменик претседателката на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за надворешни работи Никола Димитров, Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски, и советниците во Кабинетот на премиерот Зоран Верушевски, Митко Андреевски и Бојан Маричиќ, конгресмените на САД изразиле, како што посочуваат од Владата, голема благодарност за можноста да се сретнат со премиерот и со претставници на Владата, а меѓудругото упатиле и честитки за постигнувањето на договорот со Грција.

Конгресмените на средбата, додаваат од Владата покажале интерес и за други прашања од стратешко-безбедносен карактер и ја истакнале улогата и учеството на Македонија во заедничките мировни мисии со САД во Авганистан и во Ирак, како активности кои ја приближуваат земјава до полноправното членство во ЕУ и НАТО, но и го потврдуваат стратешкото партнерство со САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top