Раководството на СОНК на 24.08.2018 година одржа работна средба со претседателите на синдикалните организации на СОНК од детска заштита – градинките, на која што присуствуваа најголемиот дел на раководството од оваа дејност.
Исто така, на оваа работна средба беше поканет да присуствува и министерот за труд и социјална политика или овластени лица од страна на министерот, но за жал, на истата не присуствуваше министерот, ниту имаше образложение за неприсуство на претставниците од ова министерство – oбјавија од СОНК.
На работната средба се отворија повеќе прашања и проблеми со кои што се соочуваат вработените, членови на СОНК од дејноста заштита на деца. Имено, главен акцент беше ставен на игнорантскиот однос од страна на ова министерство, поточно немањето социјален дијалог и партнерство со што би се надминале повеќето проблеми во детските градинки. Беа отворени и прашањата по однос на условите за работа во детските градинки како за вработените така и за децата кои што престојуваат и немањето услови за работа со двојно или тројно зголемен број на деца и непочитување на нормативите и стандардите утврдени во законските акти за оваа дејност – додаваат од СОНК.
Исто така, на работната средба претставниците го пренесоа незадоволството на вработените од детските градинки по однос на социјалниот статус, кое е на најниско ниво, како во државата така и во нашето опкружување. Со зголемување на најниската плата на национално ниво, еднострано е суспендиран веќе потпишаниот колективен договор, каде што за секое работно место е утврден соодветен коефициент, со што неколку работни места се изедначуваат со платите, а истите се приближуваат до носителите на дејноста.
По исцрпната дискусија на голем број вработени во градинките, на крајот од работната средба се донесе Заклучок дека, доколку овие погоре посочени проблеми најитно не се решат по пат на социјален дијалог, раководството на СОНК да организира генерален штрајк во оваа дејност. За овие и други прашања што се во надлежност на СОНК, Советот на СОНК ќе расправа на редовна седница што ќе се одржи на 31.08.2018 година, на која ќе се донесе конечна Одлука за организирање на штрајк во детските градинки во Република Македонија – стои во соопштението на СОНК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
СОНК бара решавање на состојбата со непродолжените договори на вработени во градинките
-
На вработени во градинки и училишта не им се продолжува договорот за работа – реагира СОНК
-
СОНК контра Царовска: Нема услови за двосменско работење на градинките
-
СОНК бара итно повлекување на наредбата за ново работно време во градинките