| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерската средба во Драч без премиери

Неформалната средба на премиерите од Западен Балкан што се одржува денеска во албанскиот град Драч ќе се одржи без учество на 4 премиери.

На средбата, посветена на економската интеграција во регионот, не присуствуваат премиерите на Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија. Први отстуство најавија српската премеирка Ана Брнабич и Денис Звиздиќ од Босна.

Македонскиот премиер Зоран Заев не полета денеска за Драч поради лошите временски услови, а Бојко Борисов отсаствува поради Денот на жалост, прогласен поради смртта на 17 лица при несреќа со автобус, пренесува БГНЕС.

Домаќин на Форумот во Драч е албанскиот премиер Еди Рама, а учество ќе земат премиерите на Косово и Црна Гора Рамуш Харадинај и Душко Марковиќ, еврокомесарот Јоханес Хан и претседателот на Европската банка за обнова и развој Сума Чакрабарти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top