Американскиот сенатор Џон Мекејн кој почина во саботата, во тестаментот побарал на неговиот погреб да одржат говор поранешните претседатели на САД, Барак Обама и Џорџ В. Буш, но исто така навел дека не сака да присуствува и актуелниот лидер на САД, Доналд Трамп.
Додека Мекејн беше жив, тој го критикуваше Трамп и не беше во добри односи со него. На погребот најверојатно ќе присуствува потпретседателот на САД, Мајк Пенс.
Сенаторот на Републиканската партија од Аризона почина во саботата во 81-та година животот од рак на мозокот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.