| четврток, 6 декември 2018 |

Петмина американски конгресмени на средби во македонското Собрание

Гери Коноли, Дина Титус, Сузан Дејвис, Дејвид Прајс и Бил Флорез, aмерикански конгресмени денеска и утре се во посета на македонското Собрание.

Тие денеска треба да остварат средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, со тројцата потпретседатели, како и со координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА и генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова.

Американските конгресмени ќе имаат разговори и со претседателите на повеќе собраниски комисии. Поединечни средби ќе имаат со претседателите и членовите на комисиите за одбрана и безбедност и за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, а ќе се сретнат и со членките на Клубот на жени пратенички.

Утре когресмените Коноли, Титус, Дејвис, Прајс и Флорез ќе бидат запознати со активностите на Парламентарниот институт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top