Погазен е Уставот, потпишан е договор со кој Македонија е ставена во положба на потчинетост, референдумот е незаконски, владата прави кривично дело со трошење средства за кампања, а за бранителот на вербалниот деликт и слугата Јернеј на многу властодршци било казниво што народот ќе #Бојкотира и ќе се организира.
Професоре, пишете му пак писмо на Фрчкоски, бидејќи Милошевиќ одамна не Ви е достапен на телефон!
Реакцијата на пратеникот Антонио Милошоски доаѓа на изјавата на академик Владо Камбовски дадена за порталот СДК.мк, во која вели дека никој не смее да ги организира граѓаните да не се изјаснат.
Камбовски: Организирање бојкот за референдум е казниво со закон
Милошоски алудира на референдумот за територијална поделба на Македонија во 2004, кој СДСМ од позиција на владејачка партија го бојкотира со кампањата „Некои прашања не заслужуваат одговор“.
Новата територијална организација на Република Македонија предизвика голем број на контроверзи и поделби во македонската јавност, главно поради етно-демографските импликации на новата територијална организација. Голем дел од Македонците, а и помал дел од албанското население сметаше дека со новата територијална организација се врши нарушување на етничката рамнотежа во Република Македонија. Во противници на предложената територијалната поделба вклучуваа се вброија повеќе опозициски партии на чело од најголемата ВМРО-ДПМНЕ како и некои познати интелектуалци кои сметаа дека целиот процес на подготовка на новата територијална поделба се извршил крајно нетранспарентно, спротивно од волјата на граѓаните и дека е конципиран да направи етничка поделба помеѓу македонски и албански „територии“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст