| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски железници играат руски рулет со нашите животи (ФОТО)

На социјалните мрежи корисничка објави фотографија снимена од непосредна близина, на која се гледа дека додека минува товарен воз на пруга во Велес, рампата е крената, а семафорот исклучен. Таа коментира дека е потресена и само среќа ги спасила, затоа што машиновозачот свирел.

Овој случај не е прв, а за жал ниту последен во кој граѓаните предупредувааат дека железничките премини не се обезбедени, не се користи, не постои или е оштетена сигнализацијата. Од друга сгтрана, Македонски железници, пак, велат дека несовесни граѓани ја оштетуваат сигнализацијата или пак не ја почитуваат.
Вистината е веројатно некаде на средина, но опасноста е насекаде. Затоа, отворајте четири очи и уши и внимавајте.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top