| четврток, 6 декември 2018 |

Тинејџер избоден со нож во паркот “Жена борец”

Група насилници нападнале 17-годишно момче во паркот „Жена борец“ спроти Собранието во Центар. Тие прво му побарале пари, по што го истепале и го избоделе со нож.

Немилиот настан се случил вчера околу 21 и 10 часот. Според информациите на МВР, синоќа, во 01,30 часот по полноќ, Џ.Б.(57) од село Црн Врв, Скопско, пријавил во полиција дека истата вечер во паркот спроти Собранието, додека неговиот 17-годишен син се движел пеш, неколку лица му побарале пари. Откако тој не им дал пари, насилниците физички го нападнале, а едно од лицата со нож му нанел расекотини и избегале.

Момчето се упатило во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top