Судијата во случајот „Монструм“, Огнен Ставрев, на крајот од денешното рочиште предложи тој задно со судскиот совет, обвинителите, одбраната и вештаците да извршат увид на возилото „Голф 3“ со затемнети стакла во кој обвинетите биле кај Смилковско езеро.
Обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, ја поддржа оваа идеја, велејќи дека има потреба од такво нешто бидејќи има многу работи кои недостасуваат, а можат да се дознаат од оваа проверка.
Најверојатно увидот на автомобилот ќе биде на почетокот на септември. Судијата Ставрев следното рочиште го закажа за 31-ви август, за кога најави дека судскиот совет ќе му поставува прашања на загрозениот сведок.
По завршувањето на рочиштето, адвокатот на обвинетите, Насер Рауфи повтори дека загрозениот сведок лажно сведочи и е конструиран.
-По одговорите кои ги даваше загрозениот сведок, јасно се гледа дека е лажен. Има големи разлики во сегашната изјава и неговите претходни изјави, а исто така потврда за тоа дека лажно сведочи е тоа дека на голем дел од прашањата, одговорот му е дека не се сеќава, рече Рауфи.
макфакс.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст