Независниот синдикат на полицијата бара Министерството за внатрешни работи да го земе предвид фактот дека по сила на закон овој синдикат, со над 2.500 членови е репрезентативен и да го вклучи во донесувањето на одлуките и актите кои ги засегаат правата на вработените во полицијата.
Репрезентативноста, како што посочи на денешната прес-конференција генералниот секретар на НСП Орце Коцевски, ја потврдила и Комисијата за репрезентативност со решение во кое ги известила дека репрезентативноста на ниво на работодавач се стекнува по сила на закон согласно член 212 став 5 од Законот за работни односи, односно со исполнување на овој услов.
– Со ова решение со кое се потврдува дека НСП по сила на закон е репрезентативен синдикат и веќе треба да ги има сите права и обврски од постоечкиот колективен договор на МВР, рече Коцевски.
Од Независниот синдикат на полицијата забележуваат дека и покрај минатомесечната средба со министерот Оливер Спасовски и тогашниот директор на БЈБ и договорот за учество и на овој синдикат во социјалниот дијалог, нивните ветувања не се консултирани во изготвувањето на Листата на плата, но и оти не е информиран за постапката за систематизација на работните места во Министерството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст