Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница го усвои Предлог-кодексот за набљудување на референдумот.
Како што беше речено, Кодексот става акцент на акредитираните набљудувачи. Тие треба да го познаваат Законот, да се придржуваат кон неговите одредби, да се непристрасни и секогаш со себе да го носат беџот за идентификација.
– За фер и коректно набљудување ДИК е должна да донесе рамка за правилно однесување при набљудувањето на референдумот. Согласно Кодексот, само акредитирани набљудувачи можат да информираат за текот на гласачкиот процес, беше истакнато на седницата.
Кодексот предвидува и ограничување за акредитираните набљудувачи – тие не смеат да влијаат при гласањето и пребројувањето на гласовите, ниту да носат какви било партиски симболи.
Како што информира претседателот на ДИК, Оливер Дерковски се уште трае рокот за издавање акредитации за набљудувачи на референдумот.
ДИК на седницата го усвои и предлогот на Борис Кондарко, да се донесе комплетно нов правилник за приговори што ќе важи само за референдумот. Правилникот за изборниот процес нема да се менува.
Членовите на Државната изборна комисија ја поддржаа и одлуката да се ангажираат дополнителен број лица од Државниот завод за статистика со цел побрза обработка на податоците за излезноста на референдумот.
Последниот извештај доставен до ДИК покажува дека заклучно со денеска за референдумот во дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија се пријавени вкупно 2.855 гласачи, од кои прифатени се 2.755. Одбиени се 100 пријави со образложение дека дел од лицата кои ги поднеле имале истечени патни исправи, а дел немаат живеалиште во Македонија. Поради тоа, појаснија од ДИК, немаат право да гласаат.
Пред почетокот на седницата, додека се утврдуваше дневниот ред, Кондарко информира дека МВР ќе им издаде лични карти на вкупно 260 лица кои издржуваат казна затвор за да можат да го остварат своето право на глас. Процедурата за издавање на документите, рече Кондарко, е завршено.
На избирачкиот список како иселени се запишани 87 илјади лица.
На седницата на ДИК беше наведено дека гласањето за дијаспората ќе чини околу една третина од гласањето минатиот пат кога било 35 милиони денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст