Анестезиолог од Хонг Конг ги убил својата сопруга и 16-годишна ќерка со топка за јога полна со јаглерод моноксид, објави „Би-Би-Си“.
Обвинителите во судот изјавиле дека Каул Ким-сун ја оставил топката во багажникот на автомобилот и отровниот гас протекол и ги убил неговата сопруга и ќерка. Тие биле пронајдени мртви во заклучениот автомобил во 2015 година.
Каул на суд изјавил дека не е виновен за убиството. Аутопсијата покажала дека сопругата и неговата најстара ќерка починале од труење со јаглерод моноксид. Полицијата во багажникот на нивниот „мини купер“ пронашла издишана топка за јога.
Обвинителите пред Врховниот суд во Хонг Конг изјавиле дејка Каул планирал да ја убие својата сопруга, бидејќи имал љубовница, а жената одбивала да се разведе од него, објави South China Morning Post. Меѓутоа, според нив, тој веројатно немал намера да ја убие и својата ќерка.
Сведоци изјавиле дека го виделе Каул, вонреден професор на Хонгконшкиот универзитет, како полни две јога топки со јаглерод моноксид. На своите колеги им рекол дека ќе ги користи за да убие зајаци, а на полицијата дека сакал да ги користи против стаорци во куќата. Судењето на Каул ќе продолжи и во наредниот период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст