| четврток, 6 декември 2018 |

Пешак тешко повреден вчера во Тетово, полицијата трага по возачот кој го удрил

Вчера околу 17.30 часот на ул.„29 Ноември “ во Тетово, засега непознато патничко возило удрило во пешакот Ј.Д. (66) од Тетово и веднаш го напуштило местото.

Од ударот Ј.Д. се здобил тешки телесни повреди и бил пренесен во тетовската клиничка болница. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и возачот и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top