Лозарите од Тиквешијата остануваат на барањата за повисоки цени на грозјето и одлуката да блокираат патишта, доколку винарите останат глуви на нивните реакции. Ова утринава го потврди за МИА Трајче Кулев, претседател на Здружението “Напредни лозари”.
– По повикот на Здружението лозарите да дојдат и со потпис да ни дадат поддршка за протести доколку не добиеме повисоки цени, синоќа се собраа лозари кои ја поддржаа идејата за блокирање на патишта, како револт кон игнорантскиот однос на винарниците, рече Кулев.
Нагласи дека експресно реагирале државната и локалната власт, па за вечерва била закажана средба во Кавадарци, на која се очекувал и премиерот Зоран Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст