| четврток, 6 декември 2018 |

Штипјанец нападнал полицаец на патот Штип – Велес

Ноќеска околу 02 часот, на магистралниот пат Штип –Велес, во близина на населба „Три чешми“, при сообраќајна контрола од страна на полициски службеници на Б.И. (44) од Скопје кој управувал патничко возило „Алфа“, на местото дошол Д.Т. (51) од Штип, кој физички нападнал еден од полициските службеници.

Тој бил совладан и приведен во Полициската станица Штип, а по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top