| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува политичкиот прогон над Јакимовски: Поднесена нова кривична против него, овој пат за „бесправно градење“

Кривична пријава за „бесправно градење“ против поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски поднесе Управата за финансиска полиција.

– Наместо да спречува дивоградби, градоначалникот С.Ј. дозволил објектот на Општина Карпош каде што е сместена општинската администрација да се изгради без одобрение за градба и без соодветно архитектноско-урбанистичка документација, соопшти Управата за финансиска полиција.

Пријава за „бесправно градење“ е поднесена и против Ј.К., надзорен инженер во Карапанчевски компани ДОЕЛ Скопје во својство на надзор и А.М., одговорно лице во правното лице АЛКОНПРОЕКТ ДООЕЛ Тетово во својство на изведувач поради постоење основање сомнение дека сториле кривично дело „бесправно градење“, како и против тие две правни лица.

На 8-ми месецов Финансиската полиција покрена кривична пријава против Јакимовскки и за злоупотреба на службената положба и овластување, како и поради соизвршителство против четворица негови соработници. На предлог на Обвинителството, судот им изрече мерки на претпазливост со кои им е одземен пасошот и беа задолжени редовно да се пријавуваат во суд.

По изречените мерки од судот, Јакимовски изјави дека дека се работи за монтиран случај со цел да се дефокусира јавноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top