Заклучно со денеска до полноќ, преку веб апликацијата www.dijaspora.sec.mk до Државната изборна комисија доставени се вкупно 2 437 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство. Од нив, 2 392 пријави се прифатени, 39 се одбиени, а останатите пријави се во обработка.
Најголем број пријави се доставени за гласање во Берн – 256, Љубљана – 213, во Лондон – 127, во Торонто – 136, Виена – 108, Канбера 99 итн.
Најмал број пријави поднесени се за гласање во Талин, Киев и Приштина – по една, а во Њу Делхи, Каиро и Сараево – по две пријави.
Пријавувањето трае до денеска до 24 часот. Гласањето во странство ќе се спроведе на 29 септември во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија во кои се прифатени најмалку 10 пријави за гласање.
Во однос на податоците од јавниот увид во избирачкиот список, ДИК информира дека заклучно со вчерашниот ден вкупно 4.959 граѓани извршиле увид во податоците во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. Најголем број граѓани увид извршиле во Струмица – 509, Битола – 454, Карпош – 431.
Во периодот од отпочнувањето на јавниот увид донесени се и 19 решенија за запишување, 125 решенија за бришење и 24 решенија за промени на податоци во избирачкиот список.
Јавниот увид во Избирачкиот список ќе трае заклучно со денеска, 23 август, до кога можат и да се поднесуваат барања за запишување, промена или бришење на податоци во Избирачкиот список.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст