Фотографија од новиот директор на Бирото за јавна безбедност во МВР, Сашо Тасевски, и активистката на СДСМ, Ивана Божиновска, кружи по социјални мрежи.
Фотографијата е објавена на „Фејсбук“ профилот на Ивана Божиновска, девојката која на македонската јавност и’ стана позната во 2016 година, кога на тогашните протести предводени од СДСМ и платеничката т.н. „Шарена Револуција“ јавно им порача на македонските полицајци:
„Да даде Господ Куманово пак да ви се деси“.
Инаку, во вооружениот конфликт во кумановско „Диво Насеље“, во мај 2015 година, животот го загубија осум припадници на македонските безбедносни сили, а 37 беа ранети.
Непосредно по крвавата пресметка тогашниот опозициски лидер Зоран Заев, беше во посета на „Диво Насеље“, каде се фотографираше со локалното население.
Во конфликтот беа убиени 10 терористи, а 30 беа заробени, и потоа беа изведени на суд и осудени на доживотна затворска казна, но подоцна власта предводена од Зоран Заев и СДСМ ги поништи пресудите и го врати судењето на почеток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст