| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарската Влада одобри акциски план за воведување на еврото

Бугарската влада одобри акциски план за пристап во земјата во Европскиот механизам за девизни курсеви (EMR-2) и за пристапување во банкарската унија до јуни следната година.

Во јули Бугарија поднесе барање за влез во ERM-2, т.н. „чекална” и задолжителен двегодишен период на транзиција за воведување на еврото откако министрите за финансии на еврозоната и Европската централна банка (ЕЦБ) и дадоа на Софија „зелено светло”.

Бугарија, чија валута лев е поврзана со еврото преку валутен одбор, е прва земја што не е членка на еврозоната и која бара да се приклучи на банкарската унија, што ќе и овозможи на ЕЦБ ги надгледува водечките бугарски кредитори.

– Спроведувањето на тие мерки ќе обезбеди почитување на претходно преземените обврски во областа на политиката кои се од големо значење за непречена транзиција кон ЕРМ-2 и банкарската унија до јули 2019 година, што ќе резултира со воведување на еврото, се вели во соопштение на бугарската влада.

Софија прво мора да ја подобри својата макро-финансиска рамка, да ја зајакне супервизијата на небанкарскиот финансиски сектор, како што се пензиските фондови и осигурителните компании, и да вложи поголеми напори за борбата против перењето пари. Исто така, треба да ја подобри правната рамка што се однесува на стечајните постапки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top