| четврток, 6 декември 2018 |

Со оглас го запали Твитер: Црногорка бара момче да и глуми дечко на свадба (Фото)

Притисокот на семејството, роднините и пријателите девојка да најде момче некогаш станува неподнослив на големи настани.

Со оглед дека немала партнер кој на присутните ќе им го „донесе на увид“ на свадбата на нејзината сестра во Белград, една Црногорка побарала помош на Твитер.

Во невообичаениот оглас на Твитер девојката бара придружник за свадба која ќе биде одржана во Белград кон крајот на август.

-Би изнајмила симпатично момче за сабота, 25 август, 17 часот, Белград, да глуми дека ми е дечко на свадбата на сестра ми, зошто кој ќе ги слуша роднините. Заинтересирани ДМ“, се наведува на Твитер.

Корисниците на популарната социјална мрежа воодушевено почнале да го коментираат огласот, а заинтересираните се распрашуваа за „дополнителни услови“ и способности на кандидатите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top