Владата на својата седница во средата донесе одлука Сашо Тасевски да биде назначен за нов директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), откако пред десетина дена од оваа должност беше отстранет Лазе Велковски, кој беше разрешен од функцијата по скандалот со користење на службениот џип во приватни цели.
Oва е второ унапредување за Тасевски кој досега беше началник на ткн Шеста управа во министерството за внатрешни работи и од секторот за обезбедување високи функционери Тасевски напредува во хиераргијата во ресорот. Но според фотографиите своервремено објавувани во медиумите, се забележува дека новиот шеф на БЈБ бил редовен учесник на протестите и митинзите на СДСМ и некогашната ткн „Шарена револуција“.
Тасевски кој во јавноста стана познат како полицискиот службеник од обезбедувањето на премиерот Зоран Заев кој извади и употреби огнено оружје во инцидентите во Собранието на 27-ми април, доаѓа на местото на разрешениот Лазо Велковски кој беше отстранет од должноста по аферата со користењето на службеното возило за летување на неговата ќерка.
Инаку Тасевски е магистер по безбедност и докторант на Факултетот за безбедност во Идризово. Од 2001 година има работено кај тогашниот претседател на државата Бранко Црвенковски, во одделот за странски делегации, потоа кај актуелниот министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
На почетокот на кариерата бил припадник на единицата за специјални задачи „Тигар“. Има посетувано курс за обезбедување ВИП личности во САД, во 2004 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст