| четврток, 6 декември 2018 |

Ламар Одом преживеал 12 мозочни и 6 срцеви удари

Поранешниот НБА кошаркар и двократен освојувач на шампионскиот прстен, Ламар Одом, при едно гостување во емисија кај комичарот и актер Кевин Харт со својата изјава ја шокираше целокупната јавност.

– Додека бев во кома, имав 12 мозочни удари и 6 срцеви. Лекарите ми зборуваа дека сум „чудо кое оди“, изјави Одом во емисијата.

Одом во 2015 година беше пронајден во безсознание по тридневно дејство на алкохол и дрога во еден бордел. Тој потоа заврши во болница, на интензивна нега, а не било познато дали ќе преживее.

Како што сега вели, тој е чист и планира доколку здравјето го послужи на 38-години да ја продолжи кариерата, најверојатно во Кина. Тој претходно беше дел од ЛА Лејкерс, а потоа беше разменет и мораше да замине во Далас, кога и почнаа проблемите во неговиот живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top