
Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против С.С. (39), Д.П. (40), А.Ј. (28), А.Н. (30) и Ж.М. (35), сите од Скопје, за сторено кривично дело „грабнување‘‘. На 19 јуни околу 09 часот во кафе-бар во Скопје пријавените договориле средба со М.К. (45) од Скопје со цел да разговараат за неговиот паричен долг од 7.300 евра кон првопријавениот.
На средбата истите веднаш почнале да му се заканувааат на оштетениот дека доколку не го исплати долгот во износ од 100.000 евра ќе мора да ги препише куќата и станот, на што оштетениот не се согласил, по што насилно го внеле во патничко возило „Голф 6“ и се упатиле во село Зелениково, каде физички го нападнале.
Потоа го однеле во кафе барот, а од таму го пренеле во стан во Ѓорче Петров и го држеле до 06 часот, кога оштетениот успеал да побегне од станот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


