| четврток, 6 декември 2018 |

Оваа сезона УЕФА ќе воведе ВАР во Лигата на шампионите?

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ја разгледува опцијата за воведување на ВАР технологијата веќе во претстојната сезона. Иако претходно беше одлучено судиите да немаат помош од видео технологијата во текот на натпреварите од елитното натпреварување, сепак можно е ВАР да биде воведен во ЛШ почнувајќи од четвртфиналната фаза во сезоната 2018/19.

Британски „Тајмс“ пишува дека конечната одлука УЕФА ќе ја донесе на почетокот на спетември.

Раководството на УЕФА сака да ги сведе на минимум сериозните судиски грешки и нивното влијание барем во завршницата на престижното натпреварување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top