| четврток, 6 декември 2018 |

Мадридските гиганти во трка за Маркос Алонсо

Левиот бек на Челси, Маркос Алонсо би можел да го напушти лондонскиот клуб и да се пресели во Мадрид. Како што пренесува „Марка“, шпанскиот бек е на мета на мадридските клубови – Атлетико и Реал Мадрид.

Наводно од Реал го гледаат Алонсо како долгорочна замена на левата бековска позиција на Марсело, додека пак Атлетико Мадрид како замена за Луис Филипе кој би можел да се пресели во редовите на париски ПСЖ.

Инаку, Алонсо има договор со Челси до 2021 година, но наводно од Челси биле подготвени да го продадат за сума од околу 40 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top