Денес почнува судењето на патриотите. Судењето ќе биде тест за европските вредности во судството, дали заслужуваме да бидеме дел од ЕУ и НАТО! Денес судиите ќе пресечат дали пеењето на државната химна и веењето на македонското сонце е тероризам. Денес ќе им се суди на Игор Дурловски, Владо Јовановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Јане Ченто, Игор Југ, Ацо Анѓеловски, Митко Пешов, Митко Чавков, Душко Лазаров….
За тоа време, монструмите обвинети за убиство на децата кај Смиљковското Езеро ќе бидат дома. Дома ќе бидат и терористите од Диво Насеље, убијци, крадци, ситни криминалци.
Еден од ослободените во „Диво насеље“ беше обвинет за тероризам
Сериозно е доведен во прашање демократскиот статус на Република Македонија. Судството под контрола на СДСМ врши силен и досега невиден политички прогон на луѓе кои не размислуваат како моменталната власт. Македонија стана единствена држава во која во затвор обвинети за тероризам лежат луѓе кои протестираа за заштита на Уставот на државата додека на слобода шетаат убијци на деца, како обвинетите од „Монструм“.
Меѓу оние кои се дел од политичкиот прогон, со кој сериозно се загрозува демократијата во Македонија е еден од најдобрите оперски пејачи Игор Дурловски, доајенот на македонското глумиште Владо Јовановски, поранешниот министер за внатрешни работи и директор на БЈБ, Митко Чавков.
Тие се обвинети за тероризам бидејќи влегоа во Собранието да го одбранат Уставот на државата, кој токму таму беше прекршен со неуставниот избор на Талат Џафери за претседател на Собранието. Оние кои ги товарат за тероризам во Собранието на 27 април влегоа од патриотски побуди. Тој ден во македонското Собрание се пееше албанската химна, а веднаш потоа Талат Џафери беше на нелегитимен начин прогласен за втор човек во државата.
Оние за кои се води постапка поради убиство на невините деца и рибарот кој случајно се нашол таму направиле помало злодело од оние кои поради незадоволство од незаконскиот избор на Талат Џафери, поранешниот командант на ОНА, за претседател на Парламентот упаднаа во собранието искажувајќи го својот револт.
Врховниот суд донесе одлука за укинување на пресудите за обвинетите од случајот „Монструм“, кои имаа пресуди за трагедијата кај Смилковско, а тие во повторениот судски случај да се бранат од слобода.
Скандалозна одлука на Врховниот суд: Укината пресудата за убијците од Смилковско Езеро!
Игор Дурловски ја пееше македонската химна. На ниту една снимка или фотографија не се гледа тој, Богдан Илиевски, Борис Дамовски, Владо Јовановски и останатите приведени за нередот во Собранието на 27 април им се суди за тероризам. На оперскиот пејач со светска слава Игор Дурловски ќе му се суди за тероризам и загрозување на државниот поредок, но монструмите ќе бидат дома.
Да ја пееш македонската химна на собирите на движењето „За Заедничка Македонија“ е исто кривично дело како да извршиш напад на државата, да убиеш 8 полициски службеници и да ги загрозиш животите на цел еден град – Основното јавно обвинителство ги изедначи терористите од Диво Насеље со пратениците, уметниците и граѓаните кои протестираа под знамето на движењето „За Заедничка Македонија“.
Затоа што ја пеел македонската химна светски познатиот оперски пејач Игор Дурловские е изедначен со Мирсат Ндрецај, терористот од Косово, кој убиваше македонски полициски службеници во кумановско Диво Насеље. И двајцата ОЈО ги товари за исто кривично дело – тероризам.
Покрај Дурловски, од ОЈО за тероризам се осомничени уште 36 луѓе. Најголем дел од нив воопшто не учествувале во насилни акти во Собранието и не удриле никого, а за тероризам се товарат затоа што учествувале на протестите на движењето „За Заедничка Македонија“.
Тие се товарат по членот 313 од Кривичниот законик, кој предвидува минимална казна од 10 години затвор.
Дека станува збор за политичка нарачка од СДСМ, која сега ја реализира обвинителството, говори и фактот што во партиски соопштенија партијата најавуваше дека на овие лица ќе им се суди за тероризам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст