| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Роби Ротен од „Мрзеливиот град“

Стефан Карл Стефансон, ѕвездата на „Мрзеливиот град“, почина на 43 години откако ја изгуби битката со рак на панкреасот.

На исландскиот актер и активист кој се залагаше против малтретирање на врсници во училиште, кој преку своите харизматични настапи им донесе радост на многу млади луѓе, беше дијагностициран рак на жолчните канали во септември 2016 година.

Стефан Карл како Роби Ротен во „Мрзеливиот град“:


Неговото семејство објави дека Стефансон починал болеста, која напредувала во четврти степен.

Стефансон закрепнувал откако му биле отстранети метастазите во 2017 година, но во март 2018 година болеста се вратила.

Пред смртта напишал на Твитер:

По објавувањето на дијагнозата на актерот, за која пишуваше дека „нема очигледен лек“, беше поставена страница JustGiving за поддршка на Стефансон и неговото семејство. Обожавателите и колегите за една година собраа 150.000 долари за да ја платат годината на лекување.

Стефан зад себе ги остава сопругата Стеинун Олина Компоиндотир и нивните четири деца.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top