| четврток, 6 декември 2018 |

Миралем Пјаниќ го продолжи договорот со Јувентус до 2023

Играчот од средниот ред на Јувентус, Миралем Пјаниќ го продолжи договорот со клубот. Новиот договор на босанскиот репрезентативец е до 2023 година, објави официјалната веб-страница на шампионот на Италија.

Пјаниќ е дел од составот на Јувентус од 2016 година и два пати ја освоил шампионската титула на Италија со „бјанконерите“. Досега има 92 натпревари и 15 гола во дресот на „Старата дама“.

Во својата кариера, 28-годишниот Пјаниќ играше за Мец, Лион и Рома. Годишната плата, според новиот договор, ќе изнесува 6,5 милиони евра плус бонуси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top