| четврток, 6 декември 2018 |

За Фрчковски Македонија е измислена нација која има заеднички елементи со бугарската и албанската култура

Професорот Љубомир Фрчковски во интервју за „Иквал Тајмс“ на тема што ќе значи промената на името за македонскито идентитет, истакнува дека Македонија е мала нација која дели многу елементи со бугарската и албанската култура. Како што вели тој ,самата држава е релативно млада, бидејќи по Втората светска војна Титовата Југославија ја создава Македонија во рамките на границите како што ги знаеме денес, промовирајќи го македонскиот јазик и македонскиот идентитет.

Според Фрчковски, Македонија може да живее со префиксот „северна“ и вели дека никогаш не станувало збор само за идентитетот.

– Ние можеме да живееме со префиксот „Северна“ во името на земјата. Но никогаш не било проблем само името , објаснува Фрчкоски.

– Името е исто така поврзано со концептот на нашиот идентитет, на тоа кој сме. […] тоа е прашање на “преживување” кога сте мала словенска нација од само два милиона луѓе што лесно може да се “асимилираат” од вашите поголеми оседи , објаснува тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top