| четврток, 6 декември 2018 |

Генсекот на владата бара вишок пари по министерства за кампања за референдумот

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски испратил писмо со министерството за финансии и сите други министерства и владини органи во кое бара тие да кажат дали во своите буџети имаат вишок пари. Бараните средства треба да се трошат за финансирање на кампањата за референдумот.

Во писмото испратено од Рашковски во кое expres.mk имал увид има две точки. Во првата се вели дека владата донесла заклучок со кој ќе организира и спроведува кампања од јавен интерес за референдумот.

Во втората точка од дописот од министерствата и други органи на државна управа се бара во рок од три дена да дадат информација на министерството за финансии дали располагаат со вишок средства кои што би можеле да бидат користени за кампањата од јавен интерес за референдумот за името, ЕУ и НАТО.

Единствено министерство кое веднаш јавно одговори дека има средства и тоа во висина од 60 милиони денари или околу еден милион евра беше министератвото за одбрана кое го води вицепремиерката Радмила Шеќеринска.

Сите останати најавија дека утре ќе се знае колку пари ќе издвојат секое од министерствата.

Според најавата од владата парите од владата ќе бидат дадени на Собранието кое како овластен предлагач ќе ја води кампањата во име на државата.

Со тоа Владата директно го прекршува принципот на поделба на извршната и законодавната власт.

Експертите предходно предупредија дека кампања можат да водат партиите и приватни лица со свои пари, но не и Владата со парите на сите граѓани

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top