| четврток, 6 декември 2018 |

Џастин Трудо син на Кастро?

Освен големата физичка сличност, кубанските гласини се поддржани и од историски факти. Иако местото на раѓање на Џастин Трудо, Отава во Канада, можеби е далеку од Хавана, неговата мајка Маргарет Трудо ја посетила Куба девет месеци пред да се роди Џастин, а постојат и фотографии од нејзиното дружење со Фидел

Пораката што пред самоубиството ја оставил најстариот син на Фидел Кастро ја разбранува кубанската јавност поради шокантното откритие дека канадскиот премиер Џастин Трудо му бил полубрат и син на покојниот Фидел Кастро.

Пораката во ракопис што ја оставил Фидел Кастро Диаз-Баларт, најстарото од децата на Фидел, изгледа дека ги потврдува долгогодишните гласини на Куба дека Фидел Кастро имал љубовна врска и јавна средба со Маргарет Трудо во 1970 година.

“Кастро Диаз-Баларт, кој беше прегледан од група лекари поради повеќемесечна состојба на депресија, изврши самоубиство”, јави сајтот Кубадебата.

Смртта на владиниот нуклеарен научник од висок профил, познат и како Фиделито, или Малечкиот Фидел, оти многу личел на татко му, ја шокираше нацијата, но неговата експлозивна порака покрена приказни во Хавана.

Освен бројните забелешки што ги имал, пораката сугерира дека Фиделито му бил лут на татко си.

Тој напишал дека Фидел отсекогаш неповолно го споредувал со Џастин и ги отфрлал неговите достигнувања споредувајќи ги со неговиот успех во Канада.

“А што можев да правам? Јас сум Кубанец. Мојот брат е Канаѓанец. Ако и тој беше роден и растен на Куба секогаш ќе живееше под сенката на нашиот татко“, наводно пишувало во последното писмо на Фиделито.

Иако Џастин Трудо е познат како син на поранешниот канадски либерален премиер Пјер Трудо, споредбените фотографии на Пјер, Џастин и Фидел сугерираат дека можеби има нешто во кубанските приказни.

Освен големата физичка сличност, кубанските гласини се поддржани и од историски факти. Иако местото на раѓање на Џастин Трудо, Отава во Канада, можеби е далеку од Хавана, неговата мајка Маргарет Трудо ја посетила Куба девет месеци пред да се роди Џастин, а постојат и фотографии од нејзиното дружење со Фидел.

Како што пренесува канадски Глоуб енд Мејл, Пјер Трудо и неговата сопруга Маргарет отпатувале за Хавана и станале блиски пријатели со кубанскиот претседател.

Но, што се случило во Хавана во 1970 година, девет месеци пред да се роди Џастин?

Пред да ја шокира Канада со тоа што се омажила за актуелниот премиер на земјата, Маргарет била позната по нејзиното промискуитетно однесување. Била девојка од постер за движењето на “децата на цвеќето” и ја прифатила сексуалната револуција. Била и зависничка од дрога, како што самата признала, а позната е и по бројните голи фотографии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top