| четврток, 6 декември 2018 |

На Црна Гора ѝ се заканува епидемија поради неконтролираниот извоз на поскоци

Црна Гора е единствената земја во регинов која со закон ги нема заштитено змиите отровници па поради ова поскоците неконтролирано се извезуваат во Србија по што прети опсаност да се наруши екосистемот и да се предизвика глувчешка епидемија

 

Изминативе неколку години Црногорците се во паника поради неконтролираниот извоз на змијата од видот поскок. Црна Гора за разликка од останатите змји во регионот и Европа, ги нема со закон заштитено змиите отровници , па затоа тие се предмет на зачестена трговија и крумчарење. Биолозите предупредуваат дека поради неконтролираната трговија на одредени локалитети може да се појави и глувчешка грозница

Од Црна Гора во Србија годишно се продаваат и над 200живи примероци на поскоци со што се загрозува опстанокот на овие врсти на отровници кој се значајни за биолошката равнотежа.

Црна Гора е единствена земја во регионот која со закон не ги штити отровниците, па со нив, ем се тргува, ем се шверцува. .

Иако Србија никогаш нема добиено дозвола , трговијата со поскоците измеѓу двете земји се одвива без никакви препреки.
Министарството за заштита на животната средина веќе четри години му издава на Институтот за вирусологија вакцини и серуми , дозвола за увоз на 300 живи примероци на поскок од Црна Гора.

Црногорското министерство за одржлив развој и туризам, односно Агенцијата за заштита на природата и животната средина од друга страна секоја година уредно ги одбива барањата за дозвола за извоз на поскокото од својата територија.

Но тоа одбивање всушност значи согласност. Во образложението на Агенцијата се наведува дека поскокот не е заштитена врста во Црна Гора и дека не е пропишана обврска за издавање на дозвола од страна на надлежните органи

Министерството за заштита на животната средина на Србија на прашањето на црногорските медиуми , како што пишува Курир.рс за тоа колку дозволи се издадени за враќањето на поскоците во Црна Гора, дека нема ниту една

Од овој ресор потсетуваат дека поскокот во Србија е заштитен и дека факањето на истиот е забрането уште во 2013 година.
Институт Торлак, првото барање за увоз од з Црне Горе го испратил во 2014. године. Тогаш се увезени 140 поскока, следната година 218, претминатата година 126, а минатата 33 отровнице. Према податоците на Министарството за заштита на живорната средина во Србија , во мај годинава поднесено е брање за увоз на 200 живи отровници.

Покрај колемото значење на змиите за еко системот , нивниот ортов се користи во козметиката и медицината за производство на лекови ,за спречување на тумури , регулирање на шеќерот, крвниот притиск, па загрозувањето на оваја врста на змии може да преставува и тоа каква опасност за населението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top